«

»

Feb 28

Градоначалникот Котевски на средба со жителите на Долно Агларци и Далбеговци

д.Агларци1

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со својот тим беа во посета на селата Долно Агларци и Далбеговци. Целта на посетата беше увид на состојбата со поплавите кои се појавија заради неповолните временски услови и средба со жителите на овие села.

„Остваривме средба со жителите на селата Долно Агларци и Далбеговци со цел да видиме каква е сега состојбата со поплавите кои тука се појавија заради обилните врнежи од дожд деновиве. Пред два дена со механизација интервениравме во Далбеговци а вчера интервениравме на 9 тиот канал каде поставувавме оплати со цел да се затвори префрлањето на водата и поплавување на Д.Агларци“, рече градоначалникот Котевски.

д.Агларци

Денеска градоначалникот Котевски кој е и кандидат за градоначалники со трет мандат за општина Новаци претстојните локални избори ќе ги посети селата Горно Агларци и Добромири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php