«

»

Feb 27

Три награди за учениците од ЦОУ “Славко Лумбарковски” Новаци

nagradi

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ги пофали дечињата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ за постигнатиот успех на литературниот и ликовниот конкурс на тема: „Тоше, со љубов со ѕвездите“, на кој учество зедоа ученици од Битола и околните општини.

Литературната и ликовната секција при ова училиште се закитија со дури 3 дипломи. Осмоодделенката Анѓела Јончиќ и Мартина Бошевска ученик во 7 одделение освоија прво место на литературниот конкурс за прозна и поетска творба, додека Кристијан Ристовски освои награда на ликовниот конкурс.

Градоначалникот Котевски ги охрабри наградените деца да продолжат и понатаму успешно да работат и да земаат активно учествои на други вакви слични конкурси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php