«

»

Feb 27

Се спасува село Гнеотино од поплавување

IMG_2449

Заради преполнување на 10-тиот канал и кинење на насипот започна прелевање на водата во земјоделските површини кои се наоѓаат во непосредна близина на село Гнеотино. Од утринава градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со директорите на ЗК Пелагонија и претставници од кризниот штаб на Дирекцијата за заштита и спасување ја разгледуваа состојбата, излегоа на терен и се договорија за преземање конкретни мерки со цел да се спречи поплавување на селото.

„Се пушти затворачницата од 10-тиот канал кој е во надлежност на РМ – Битолско поле поради постоење ризик од поплавување на село Гнеотино. Доколку не се отвореше затворачницата, постоеше голема опасност да се случи  поголемо кинење на насипот кој веќе е скинат а во таков случај контролата со водата ќе се изгубеше и ќе настапеше поплавување на село Гнеотино“, рече Томислав Давков – генерален директор на ЗК Пелагонија.

IMG_2412

„Со оваа одлука односно со отворање на затворачницата водата свесно  ќе се пренасочи кон поплавување на околу 200 хектари земјоделски површини на ЗК Пелагонија, но станува збор за нешто неизбежно затоа што се работи за избегнување на поплавување на едно село“, рече Ристо Бошевски помошен генерален директор по земјоделство во ЗК Пелагонија.

Последиците и штетите кои настанаа од обилните врнежи од дожд кои ја предизвикаа појавата на поплавите се огромни и дополнително ќе се утвруваат.

„Моментално според последните податоци доставени до Влада на РМ од страна на хидрометеоролошкиот завод е дека нивото на река Црна кое сега изнесува 3,98 метри ќе започне да опаѓа доколку врнежите од дожд престанат со што полека состојбата ќе се нормализира а ќе се избегнат и понатамошни поплавувања. Најгорната граница на Црна е 4,40 м и доколку се достигне ќе настане префрлање и опасност од поголеми размери“, рече Димче Јошевски од кризниот штаб на Дирецијата за заштита и спасување.

На територијата на општина Новаци поплави има и во селата Далбеговци, Горно и Долно Агларци.

„Појава на поплави има и кај Агларци каде има вишок на вода од испустните канали. Во моментот таму ќе се монтираат нови оплати кои ќе се набијат со цел да се  затворат цевките и да се спречи понатамошен проток на вода. Вакви оплати на 9 тиот канал имавме поставено претходно но заради несовесно однесување на жителите тие беа украдени и еве до што доведе тоа“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

За да се спречат поплавите во Пелагонија потребно е итно чистење на дното на река Црна која не е чистена од 1983 година а е главен реципиент на водите од сите реки и канали во околината. Според последните истражувања на дното има талог од 110 метри разни наноси и вегетација кои треба да се отстранат.

Владата на РМ оваа година одобри средства за чистење на река Црна односно одобри соодветна количина нафта од стоковите резерви за таа намена.Чистењето ќе се спроведува од село Брод  до вливот на река Драгор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php