«

»

Feb 26

Успешно расчистени поплавите во Далбеговци

SAM_0931

Цела ноќ со тешка механизација до доцна во ноќта се работеше во атарот на село Далбеговци, општина Новаци на расчистување на поплавените дворови,подруми и куќи во ова населено место.

„Од поројните дождови и невремето кое вчера го зафати пелагонискиот регион се поплавија неколку куќи во село Далбеговци. До доцна во ноќта со тешка механизација интервениравме на терен и ја испуштавме водата со цел да ги расчистиме поплавените подрачја и да им помогнеме на жителите од ова населено место.Активностите ќе ги продолжиме и понатаму се додека има потреба за тоа“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Метеоролозите нови врнежи од дожд најавуваат и за денеска, па затоа ситуацијата ќе се следи будно вели градоначалникот Котевски.

За спречување на вакви несакани појави општина Новаци редовно врши чистење на каналската мрежа на нејзина територија, но тоа не помогна во овој случај заради интензивните поројни дождови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php