«

»

Feb 26

Средба на градоначалникот Котевски и пратениците со жителите на Горно и Долно Агларци

IMG_20130221_110419

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски кој воедно е и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина заедно со пратениците од изборната единица број 4 и 5 Лилјана Кузмановска, д-р Михајло Џолонга и Димитрија Стевананџија остварија средба со жителите на селата Горно и Долно Агларци.

„Разговаравме за нивните проблеми и потреби со цел да ги запознаеме пратениците да побогнат во решавањето на рпоблемите на овие жители за чие решавање општина Новаци нема ингеренции“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Присутните на средбата побараа асфалтирање на регионалниот пат Новаци-Тополчани, беа информирани за префрлањето на хидросистемот Стрежево за наводнување на олбработливото земјиште во новачкото поле а побараа и чистење на тн „суво каналче“ за што добија ветување од градоначалникот дека тој проблем ќе биде решен во најскоро време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php