«

»

Feb 26

Се одржа последната 60-та седница на Советот на општина Новаци

IMG_2368

Се одржа  60 тата која е воедно и последна седница на сегашниот состав на Советот на општина Новаци на која присуствуваше сегашниот но и кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Котевски. „На дневен ред има 15 точки меѓу кои и неколку точки кои се однесуваат на одбележувањето на празникот на општината 30 март“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

„Ова е последна седница во сегашниот состав а новиот состав ќе ни биде познат по одржувањето на локалните избори закажани за 24 март оваа година“, рече Пецо Мицевски, претседател на Советот на општина Новаци.

Една од точките на дневен ред беше и донесувањето на завршната сметка на Буџетот на општина Новаци за 2012 година.

„Ќе бидат поднесени 9 завршни сметки меѓу кои:завршна сметка која за прв пат ја изготвуваме а тоа е за Заем-кредитот од Министерство за финансии на РМ, три посебни наменски завршни сметки и една донаторска сметка. Во 2012 година според годишниот извештај планираното во однос на оствареното се движи околу 70-80%, успешно се реализирани сите планирани проекти, исплатени се сите плати на вработените и советниците ,обврските кон добавувачите се во целост наплатени со исклучок на работи кои се во тек“, рече Оливера Димитровска, раководител на одделение за финансиски прашања.

Покрај завршната сметка на општината, пред советниците се најде и завршната сметка на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ и на ЗЈКП „Пела Хигиена“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php