«

»

Feb 26

Градоначалникот Котевски и општина Новаци добитник на “Битолски оскар”

bitolski_izbor

Во супер луксузниот ресторан “Вавилон”, на свечен начин, беа прогласени најуспешните битолчани за 2012 година, во областа на политиката, бизнисот, економијата, образованието, здравството, естрадата, спортот, новинарството, невладините организации, здруженијата…во организација на Битолски весник.  Во најголем број се познати и добитниците на признанијата, а Битолски весник веќе е покажан и докажан организатор на оваа престижна традиционална манифестација, која многумина ја нарекуваат битолски “Оскар”. За тоа најдобра потврда е што и овојпат, како и во изминатите 13 години, интересот за манифестацијата беше  над сите очекувања.

„ Навистина ми е драго што денеска османаа написи во некои медиуми дека ако Скопје ја има Златна бубамара на популарноста Битола ги има оскарите битолски”, вели Васка Младеновска уредник на Битолски весник.

Индивидуалниот успех и афирмацијата на градот, се причина за наградите од разни сфери на живеењето.

„Многу ме радуваат ваквите награди затоа што тие се потврда за нашата успешна работа„, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

„ Навистина ми е драго што сум вечерва овде и што добивам награда бидејќи е заслужена”, вели Оливера Наковска Бикова параолимпиец.

„За прв пат сум на оваа манифестација и ми е драго што сиот овој гламур е тука јас би посакал уште многу години да се организира оваа манифестација”, вели Димитар Андоновски пејач.

„ Многу луѓе во денешно време ако се забележи успех се јавува за жал кај нив завист љубомора и да се има една ваква манифестација каде успехот се наградува и да опстојува толку години навистина е нешто”, вели проф.д-р Златко Жоглев ректор.

„ Па ова е супер слушнав дека оваа манифестација го носи епитетот битолски оскари и кога дојодов овде видов навистина за каков гламур станува збор”, вели Тамара Тодевска пејач.

Покрај наградата за спорт, музика, култура, стопанство, занаетчиство, новинарство, невладин сектор се доели и наградата „Ајри Демировски”.

„ Можам со задоволство да кажам дека вакава мнаифестација која опстојува толку години е навистина за поздравување”, вели Сефедин Бајрамов пејач.
Наградата за животно дело овој пат заврши во рацете на адвокатската фела.

„Јас започнав со професијата новинарство во Битолски весник тогаш беше организација за подоцна завршам како адвокат која се бореше против криминалот”, вели Сотир Главинче адвокат. Во иминативе 14- години околу 400 граѓани се наградени а синоќа 30 понесоа награди, и други лица кои не влегоа во конкуренција на одредена категорија. Најуспешни битолчани манифестацијата се организира секоја година последниот петок од февруари.

Над 600 влезници за Изборот веќе одамна беа буквално распродадени. Секој сакаше да биде дел од оваа престижна манифестација.Како и секоја година за  сите оние кои не успеаја да обезбедат влезници за манифестацијата, Битолски весник во договор со ТВ “Тера” вршеше  директен ТВ  пренос, а ќе биде емитувана и одложена телевизиска снимка. Како и минатата година, така и оваа година, манифестацијата ја следеа и бројни новинарски екипи и “Бекстејџ” од ТВ “Сител”, која, покрај повремените директни вклучувња за време на Изборот, наредниот ден ќе прикаже одложена снимка на оваа национална телевизија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php