«

»

Feb 26

Градоначалникот Котевски во посета на дечињата од Агларци

deca

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ги посети дечињата кои посетуваат редовна настава во основното подрачно училиште „Славко Лумбарковски“ во село Горно Агларци.

„Ова е моја редовна практика на одреден временски период да остварувам средба со просветните работници и дечињата во училиштата кои се на територија на мојата општина, со цел да видам колку се задоволни од условите во кои учат и работат, што им е потребно, постоење на евентуални проблеми со цел навремено решавање и слично“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Во агендата на градоначалникот Котевски за денеска планирана е и посета монтажното училиште во село Далбеговци чија изградба е при крај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php