«

»

Feb 21

Општина Новаци одбележа 109 години од смртта на војводата Дедо Кољо Добровенски

IMG_2344 Дедо Колјо

На денешен ден 21 февруари се навршуваат 109 години од смртта на мариовско-леринскиот војвода Дедо Кољо Добровенски. Тој бил голем јунак и силен војвода овој крај а негов потомок од трето колено е градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„Денеска се навршуваат 109 години од загинувањето на војводата Дедо Кољо Добровенски чиј гроб се наоѓа во с.Брод. Многу ме радува фактот што јас сум негов потомок односно потекнувам од неговата лоза. Војводата дедо Кољо Добровенски на 21 февруари 1904 година отишол во селото Скочивир заедно со својата чета и таму бил поткажан од гркоманските шпиони. Почнала потерата по него и тој постепено почнал да се повлекува кон селото Петалино. Престрелките започнале, дедо Кољо бил ранет и потоа убиен“, раскажува Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

IMG_2352

Книгата за Дедо Кољо војводата која минатата година беше издадена под покровителство на општина Новаци ја напиша писателот Ѓорѓи Лазаревски .

„Минатата година издадовме книга во која е опишан животот и делото на овој голем војвода а годинава ќе изградиме фонтана и негов споменик во дворот на општинската зграда“, рече Лазар Котевски , градоначалник на општина Новаци.

Покрај фонтаната и 2,5 метараскиот споменик кој ќе биде поставен на постамент ќе биде направено и партерно уредување со клупи, мал рекреативен центар и комплетно уредување на паркот. Градежните работи се очекува да започнат во најскоро време во зависност од временските услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php