«

»

Feb 21

Градоначалникот Котевски со пратениците од ИЕ 4 и 5 во Добромири

IMG_20130221_102609

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски заедно со претседателот на Советот и пратениците во Собранието на РМ од четвртата и петтата изборна единица, Лилјана Кузмановска, д-р Михајло Џолонга и Димитрија Стевананџија остварија средба со жителите на село Добромири.

„Ние сме еден од тимовите кои ги има формирано централата на нашата партија и секојдневно сме излезени на терен со цел да оствариме средби со граѓаните и одблиску да се запознаеме со нивните проблеми за да помогнеме во решавање на истите а за кои општината нема надлежност“, рече Лилјана Кузмановска, пратеник во Собранието на РМ.

IMG_20130221_101258

Актуелниот но и кандидатот за градоначалник за општина Новаци Лазар Котевски присутните ги запозна со изборната програма и со сите проекти кои планира да ги направи за време на неговиот трет мандат.

„Ја промовиравме програмата и вие сте запознати со сето она што го планираме за понатаму.Како поголем проект кој сакам да го споменам е префрлањето на системот за наводнување од ХМС Стрежево од кој ќе имате многу корист потоа во тек е изградбата на модерното тениско игралиште со трибини во Добромири и уште многу други проекти“, рече Лазар Котевски, кандидат за градоначалник.

IMG_20130221_101231

Жителите пред пратениците повторно проговорија за еден од најгорливите проблеми со кој се соочуваат а тоа е оштетениот регионален патен правец Новаци-Тополчани.

„Сакаме да се заложите  регионалниот патен правец Новаци-Тополчани кој води до селата Добромири, Горно, Долно Агларци и Далбеговци да побарате да се санира бидејќи сме соочени со голем проблем , ги искршивме колите врвејќи по него секојдневно по неколку пати на ден.Општината ни излезе во пресрет и го санираше колку што можеше но нема надлежност бидејќи станува збор за регионален пат“ велат жителите на село Добромири.

Ваквите средби ќе продолжат во сите населени места во општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php