«

»

Feb 20

Се подготвува нова книга “Исчезнати населби” за општина Новаци

IMG_2313

„Исчезнати населби“ во општина Новаци  е новата книга која ја подготвува писателот проф. Ѓорѓи Лазаревски кој потекнува од овие простори. Книгата ќе биде готова за една година, а ќе ги опфати сите населени места кои се исчезнати а биле дел од територијата на оваа општина.

„Подготвувам нова книга за сите населби во општина Новаци кои се веќе исчезнати. Тука ќе бидат опфатени селата: Билјаник, Суводол, Полог, Врањевци, Петалино, Совиќ, Сливица, Велесело, Старосело, итн. Ќе бидат опфатени податоци за движењето на населението, славни личности кои потекнуваат, живееле или работеле во овие предели и лсично. При пишувањето користам литература која е веќе издадена, податоци црпам и од стари турски документи, интернет, Државен завод за статистика„ вели писателот Ѓорѓи Лазаревски.

Писателот Ѓорѓи Лазаревски денеска оствари средба со градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„Денеска се сретнав со авторот Лазаревски кој ме информираше за неговите проекти и многу ме радува што повторно работи на дело кое има за цел да создаде една комплетна слика за општината на чие чело сум јас. Тоа е многу важно„, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Ѓорѓи Лазаревски е автор на книгата за мариовско-леринскиот војвода Дедо Кољо Добровенски,а градоначалникот Лазар Котевски е потомок на неговата лоза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php