«

»

Feb 19

Спортската сала во Новаци наскоро ќе започне да се гради

4

Со подобрување на временските прилики ќе се започне со градба на спортската сала во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци. Стручни лица и претставници од Министерството за образование , надзорот и изведувачот извршија увид на терен и ја презедоа целосната техничка документација. Градежните работи се очекува да започнат за многу кратко време а изградбата на овој објект ќе има големо значење особено за младите со оглед дека во овој регион спортот има долга и успешна традиција, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„Се радувам што ќе започнеме со изградба на спортската сала чиј камен темелникот беше ставен минатата година во присуство на премиерот Никола Груевски. Очекуваме за кратко време да започнат градежните работи со подобрување на временските прилики. Овој спортски објект ќе биде единствен од ваков вид во оваа општина и од него ќе имаат благодет околу 300 деца“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

2 (1)

Спортската сала во Новаци е дел од владиниот проект за изградба на 145 училишни спортски сали во цела Република Македонија. Салата ќе има површина од 650 метри квадратни, ќе биде опремена со најмодерна спортска опрема, спортски помагала, соблекувална, тушеви и други помошни простории и ќе биде оспособена за повеќе видови спортови. Изградбата на салата ќе чини 24 милиони денари а средствата се обезбедени од Буџетот на РМ и заем од Банката за развој при Советот на Европа.

Покрај спортската сала во Новаци планирано е да се изгради и повеќенаменско игралиште со средства од Агенција за млади и спорт на РМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php