«

»

Feb 18

Се одржа првиот технички состанок во рамките на проектот “Жива природа – Жива историја”

DSC_0038

Во просториите на JTS во Солун на заедничка маса во рамките на првиот технички состанок седнаа претставници од двете локални самоуправи  Новаци и Алмопиа, од Заедничкиот технички секретаријат и проектните и финансиските менаџери на проектот „Жива перирода-жива историја“ од двете страни.

Целта на состанокот беше меѓусебно подобро запознавање, разменување на контакти, меѓусебно информирање за активностите преземени од грчка страна како и потпишувањето на договорот за Македонија кое треба да се реализира до крајот на месец февруари.

DSC_0039

Надлежните ги појаснија основните процедури кои ќе треба да се почитуваат во текот на спроведувањето на проектот, обврските и правата на партнерите, дозволените модификации кои првичниот проект може да ги претрпи, начинот и временската рамка за испраќање на извештаи за спроведените активности, начинот на кој ќе се информира  јавноста и публицитетот како и процедурите за трошење на одобрените средства.

DSC_0043

Следниот состанок е закажан за 22 февруари во Хотел Милениум во Битола кога  ќе се изврши кратка обука за начинот на спроведување, водењето и менаџирањето со проектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php