«

»

Feb 16

Промоција на програмата на кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Новаци, Лазар Котевски

2 

ВМРО-ДПМНЕ вечерва во општина Новаци го промовираше кандидатот за градоначалник Лазар Котевски и програмата за работа во наредниот мандатен период. Котевски е актуелен градоначалник на оваа локална самоуправа.

Промовирајќи го Котевски како потврден и докажан градоначалник, вреден и работлив човек, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски посочи Котевски целосно ја преродил општината.

– Општина Новаци се движи во добар правец затоа што тоа го прави Котевски со советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Со развојот на оваа општина се создава една нова демографска слика во Република Македонија, односно не се дозволува исселување на луѓето од руралните средини и се овозможува да работат во местото каде што живееле и нивните претци, истакна Коњановски.

3

Во периодот 2013-2017 година кандидатот за градоначалник на општина Новаци планира завршување на почнатите проекти и реализација на нови дела кои се содржани во програмата изработена од идеите на жителите на таа пелагониска општина.

– Една од поголемите инвестиции во Новаци ќе биде индустриската зона која со работа ќе почне во најкусо време, ќе се продаваат парцели и ќе сеотвораат нови работни места. Ќе овозможиме урбанизација на поголемите села со можност за градба на индустриски капацитети. Ќе спроведеме акција за пошумување на околината на општината и создавање заштитни појаси околу рударскиот комбинат, а за учениците ќе извршиме реконструкција на училиштата, вклучувајќи и изградба на ново монтажно училиште во селото Далбеговци, рече меѓу другото кандидатот за градоначалник Лазар Котевски.

На партиската конвенција во општина Новаци присуствуваа членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците во Собранието на Република Македонија Лилјана Кузмановска и Михајло Џолонга, претседателот на Сојузотна земјоделците на Македонија Вељо Тантаров, како и други поддржувачи на владејачката партија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php