«

»

Feb 15

Започна да се реконструира пензионерскиот клуб во Новаци

DSC_0338 DSC_0336

Започна реконструкцијата на пензионерскиот клуб во Новаци. Се промени старата и дотраена дограма со нова PVC. Се врши промена на електричната инсталација, водоводната и канализационата инсталација и се изведуваат и молеро-фарбарски работи. Проектот започна од 1 февруари и ќе трае 6 месеци.

„Со средства добиени од Програмата за мали грантови на Мировниот корпус во РМ и сопствени средства  во сразмер 50:50 започна да се реконструира пензионерскиот клуб во с. Новаци. Оваа просторија се наоѓаше во незавидна руинирана состојба.Со проектот „За долг здрав живот“ ќе се обнови водоводната и електричната инсталација, санитарниот чвор, просторијата ќе се опреми со мини кујна , нов под и таван, ќе се обезбеди греење и на тој начин пензионерите ќе добијат простор каков што од секогаш заслужуваат“ рече градоначалникот на општина Ноавци, Лазар Котевски.

На овој начин ќе се подобри квалитетот на живот на пензионерите од општина Новаци.

„Грижата за највозрасната категорија население во општина Новаци отсекогаш била една од приоритетните заложби на локалната самоуправа, а таа грижа несебично ќе продолжи и во иднина“, рече градоначалникот на општина Ноавци, Лазар Котевски.

Покрај реконструктивните зафати со проектот е планирано да се организираат и 3 едуактивни семинари и работилници. Во општина Новаци има едно пензионерско здружение во кое членуваат околу 300 членови. Општина Новаци секогаш ги помага пензионерите во разните туристички обиколки и им обезбедува бесплатен превоз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php