«

»

Feb 13

На 12 годишнината од смртта на Пеце Матичевски ќе се постави спомен обележје во негова чест

IMG_2284

На денот кога се навршуваат 12 години од загинувањето на припадникот на резервниот состав Пеце Матичевски во конфликтот во 2001 година, претставниците на општинската организација на резервни офицери на Република Македонија во негова чест на гробиштата во Новаци ќе постават спомен обележје и јарбол со знаме.

„На годишнината од смртта на 5 јуни кога се навршуваа долги и тешки 12 години поминати без Пеце Матичевски сакаме да поставиме спомен обележје и јарбол со државното знаме кое ќе биде подигнато со сите почести, на местото каде се наоѓа неговото вечно почивалиште. На овој начин сакаме да му оддадеме почит на овој голем човек кој животот го даде за ние денес слободно и во мир да живееме“, рече Ѓорѓи Милковски претседател на општинската организација на резервни офицери на Република Македонија.

Покрај спомен обележјето се планира во ЦОУ„Славко Лумбарковски“ да се распише литературен конкурс на кој учениците ќе можат да ги испраќаат своите творби во поезија и проза за  ликот и делото на херојот Пеце Матичевски, кој е родум од Новаци.

Општина Новаци максимално ќе се заложи сите потребни одобренија и дозволи да се обезбедат во најркаток можен рок.

На состанокот покрај мајката на Пеце, Весела присуствуваа секретарот на општина Новаци Стевче Анѓелевски, претседателот и тројца делегати од општинската организација на резервни офицери на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php