«

»

Feb 13

Започна да се реализира проектот на УСАИД за Експанзија на Мали Бизниси во општина Новаци

IMG_2280

Претставниците на УСАИД започнаа со подготвителните активности за старт на проектот„Експанзија на мали бизниси“ во кој општина Новаци е избрана за пилот општина.Тие одржаа состанок со земјоделците кои ќе ги одгледуваат двете избрани култури:индустриски домат и пченка при што се изврши мерење на нивните ниви.   

„Во општина Новаци гледам голем потенцијал каде во иднина можеме да размислуваме да спроведеме и други проекти, да опфатиме и други земјоделски култури како на пример памукот кој не е карактеристичен за овие предели или пак повторно засадување на шеќерната репа“ рече Карл Ларкинс , директор на проектот.

Следен чекор во реализацијата на овој проект ќе биде проектирање на системот „капка по капка“ врз основа на согледаните состојби и добиените параметри добиени во претходната фаза.

„Целосно ја подржувам реализацијата на овој проект кој значи афирмација на земјоделецот како занимање со кое многу добро може да се заработува. Многу ме радува фактот што општина Новаци се покажа како доста интересна за реализација, спроведување и имплементирање на разни проекти, но овој ми е особено драг проект затоа што ги развива малите бизниси но и го модернизира земјоделството“ вели градоначалникот Котевски.

По спроведувањето на пилот проектот и промоцијата на постигнатите резултати се очекува масовна прифатеност на начинот на работа од страна на другите земјоделци.Општина Новаци во овој проект е вклучена со двајца земјоделци кои произведуваат индустриски домат и пченка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php