«

»

Feb 11

Градоначалникот Котевски на средба со жителите на Маково и Рапеш

1

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски во рамките на својата работна агенда и предвидените средби со жителите на неговата општина оствари средба со месното население на  мариовските села Маково и Рапеш.

„Ова е моја редовна практика на определен временски рок да ги посетам селата кои спаѓаат под општина Новаци, да остварам средба со нивните жители, да поразговарам со нив со цел да се запознаам со нивниот живот, потребите и проблемите со кои се соочуваат. Оваа моја посета секако ја искористив за да ги информирам за мојата кандидатура за градоначалник со трет мандат, за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 24 март, за проектите кои ги нудам во мојата програма, за планираните инфраструктурни и комунални дејности и промоцијата на мојата програма која ќе се одржи во петок на 15 февруари“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски продолжува и понатаму да остварува средби со жителите согласно планираната агенда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php