«

»

Feb 11

Општина Новаци – Најпопуларна рурална општина

2

Општина Новаци е добитник на престижното признание „Најпопуларни за  2012 година“ во организација на ТВ Орбис. Манифестацијата е традиционална и се одржа по седми пат, а и претходеше јавна анкета на телефон и социјалните мрежи на која гледачите ги предлагаа и гласаа за наградените.

„Наградата за Најпопуларна рурална општина ми причинува големо задоволство и им благодарам на сите оние кои не предложија и кои гласаа за општина Новаци да биде дел од оваа манифестација и да го добие ова признание“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

3

Плакетите за наградените ги обезбеди ТВ Орбис, а Малиот битолски монмартр на сите добитници им подари по една слика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php