«

»

Feb 08

Општина Новаци продолжува да го помага културниот живот

IMG_2257

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски денеска оствари средба со претставничката на Културно уметничкото друштво „Новаци“ од Новаци на која се разговараше за програмата и потребите на ова здружение.

„Во рамките на денешниот разговор со градоначалникот Котевски го запознав со програмата за работа на КУД Новаци за следните шест месеци,го известив за плановите во месец април да организираме турнеја, побаравме општината да ни отстапи една просторија на користење во објект кој е во нејзина сопственост и истата да ја реновира. Едно од поважните барања се разбира ние комплетирање на машката носија и купување на уште 7 нови носии, како и комплетирање на женската носија, со оглед на тоа што нашето членство бележи зголемување“, рече Маја Петровска од КУД Новаци од Новаци.

„Ние редовно ги помагаме културните друштва од општина Новаци, а едно од нив е КУД Новаци, а така ќе продолжиме и во иднина. Со денешнито разговор се запознав со потребите и проблемите со кои се соочуваат и во рамките на нашите можности ќе се обидеме да им помогнеме и да им ги решиме проблемите“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

КУД Новаци е доста активно културно здружение во општина Новаци.Мината година имаа гости свои колеги од Хрватска и Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php