«

»

Feb 07

Општина Новаци ќе учествува на “Саемот на цвеќето”

saem na cveketo1

Општина Новаци ќе земе учество на „Саемот на цвеќето“ кој ќе се отвори на 26 април и ќе трае три дена. Сите посетители и љубители на цвеќето ќе имаат можност да уживаат во прекрасните цветни аранжмани, декорации, изложби, нови техники и разни хортикултурни решенија за уредување на дворови.

„Посетителите ќе можат да се запознаат со нови техники на садење и одржување на цвеќето, да пронајдат нови хортикултурни решенија за своите дворови. Ќе има саемски попусти, многу забава, музика и дружење. Ќе има гости од Русија и Украина кои ќе ги носиме на посета во општините кои ќе земат учество на пример во Новаци со цел да се запознаат со убавините и реткостите со кои располага оваа општина“, велат организаторите – Здружението за развој на туризмот, екологијата и претприемништвото.

Општина Новаци ќе се вклучи во манифестацијата со свој штанд на кој ќе бидат изложени разни креативни изработки од цвеќиња .

„Планираме да ги вклучиме дечињата од Центарот за ран едукативен развој на децата „Бамби“ од Новаци кои ќе изработат предмети кои ќе ги изложиме на штандот.Имаме намера средствата кои ќе се соберат од продажба на експонатите изложени на штандот да се наменат за хуманитарни цели“, велат од општина Новаци.

Саемот на цвеќето ќе трае три дена.

„Првиот ден планирано е да се организира дефиле на кое учество ќе земат деца облечени во знакот на цвеќето. Вториот ден ќе има едукативни активности односно ќе ангажираме консулстанстки групи кои што ќе прават обука за одгледување на цвеќе. Третиот ден е Саемот на цвеќето“, велат организаторите – Здружението за развој на туризмот, екологијата и претприемништвото.

Саемот на цвеќето за прв пат се организираше минатата година во Битола со тенденција да прерасне во традиција, а годинава организаторите планираат негово отворање на христијанскиот празник Цветници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php