«

»

Feb 05

Проектот Жива Историја – Жива Природа започнува да се реализира

IMG_2217

Се вршат последните подготвителни активности околу започнувањето со реализација на проектот „Жива историја-жива природа“, за кој општина Новаци доби грант од  260 000 евра од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Р.Грција. Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска оствари средба со Стојан Недановски, сопственик на воденицата која треба да се реновира со проектот.

„Јас сум сопственик на воденицата која се наоѓа во непосредна близина на мостот на Градешка река во с.Зовиќ. Денеска дојдов во општина Новаци да потпишан изјава дека се согласувам да се изврши промена на постоечкиот кровен покривач од лим со автентичен кровен покривач од камени плочи“, рече Стојан Недановски, сопственик на воденицата.

IMG_2218

„До крајот на овој месец треба да се потпише договорот и потоа ќе следи исплата на првата транша од средствата планирани за реализација на проектот Жива историја-жива природа. Веќе се порачани проектите за реконструкција на Куката на Калеш Анѓа, Воденицата, мостот во Зовиќ и црквата св.Димитрија во Градешница“.

Покрај реконструктивните зафати на објектите ќе се направи и обележување на природна, историска и комбинирана патека со цел развој на алтернативниот туризам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php