«

»

Feb 05

Иницијатива за спомен обележје на Пеце Матичевски во општина Новаци

IMG_2225

Поставување спомен обележје на загинатиот припадник на резервниот состав Пеце Матичевски во конфликтот во 2001 година кој потекнува од општина Новаци беше темата на разговор на денешниот состанокот на кој присуствуваа градоначалникот Лазар Котевски, претставници на општинската организација на резервни офицери на Република Македонија  и Центарот за Управување со Кризи регионална дирекција  Битола.

„На состанокот разговаравме за можноста за поставување спомен обележје на загинатиот припадник на резервниот состав на РМ во конфликтот во 2001-ва Пеце Матичевски. Закажавме уште една средба за почетокот на следната недела на која ќе бидат поканети и родителите на загинатиот војник со цел да се слушне и нивното мислење“, рече градоначалникот Котевски.

На состанокот се разговараше и за актуелната хидролошка состојба на територијата на општина Новаци и можноста од појава на поплави.

„Го информиравме градоначалникот за податоците со кои располага ЦУК за моменталната хидролошката состојба во општина Новаци, потенцијалната можност од појава на поплави и начинот на кој би се реагирало во таква состојба“, велат од ЦУК РГ Битола.

Ваквите состаноци се редовна практика на градоначалникот Котевски со цел навремено следење на состојбите и соодветно реагирање во случај на проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php