Daily Archive: February 5, 2013

Feb 05

Проектот Жива Историја – Жива Природа започнува да се реализира

Се вршат последните подготвителни активности околу започнувањето со реализација на проектот „Жива историја-жива природа“, за кој општина Новаци доби грант од  260 000 евра од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Р.Грција. Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска оствари средба со Стојан Недановски, сопственик на воденицата која треба да се реновира со проектот.

Feb 05

Иницијатива за спомен обележје на Пеце Матичевски во општина Новаци

Поставување спомен обележје на загинатиот припадник на резервниот состав Пеце Матичевски во конфликтот во 2001 година кој потекнува од општина Новаци беше темата на разговор на денешниот состанокот на кој присуствуваа градоначалникот Лазар Котевски, претставници на општинската организација на резервни офицери на Република Македонија  и Центарот за Управување со Кризи регионална дирекција  Битола.

css.php