«

»

Feb 04

Се одржа промоцијата на Лазар Котевски за кандидат за градоначалник на општина Новаци со трет мандат

1

Владечајката партија ВМРО-ДПМНЕ во присуство на владини претставници, сопартијци и мноштво гости во салата на општина Новаци го промовираше Лазар Котевски за кандидат за градоначалник со трет мандат.

Котевски му се заблагодари на партијата за укажаната доверба и дадената можност да го исполни ветеното и доврши започнатото. Направи и осврт на сите досегашни проекти и активности во претходните два мандати.

4

„Со секојдневна макотрпна работа, Општина Новаци успеавме да ја воздигнеме на едно повисоко ниво. Таа се трансформира во Општина која е отворена за инвестирање, полека но сигурно станува урбана и современа Општина во Република Македонија, посакувано место за живеење која им нуди достоен живот на своите жители. Во изминатите 8 години од мојот мандат како градоначалник на општина Новаци реализиравме многу проекти од областа на инфраструктурата, водоводната и канализационата мрежа, образованието, спортот, културата, односно од сите сегменти на општественото и социјалното живеење“, рече Лазар котевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Новаци.

2

Пред присутните се обрати и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Новаци, Пеце Мицевски кој го повика членството на локалните избори во март да го заокружат бројот зад кој стои името на Лазар Котевски.

„Јас верувам дека жителите на општина Новаци знаат да препознаат кој работи за нивно добро, за обезбедување подобри и поквалитетни услови за живот и нови работни места. Верувам дека овие карактеристики ги препознавате во кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Новаци Лазар Котевски. Верувам дека на денот на изборите ќе го заокружите името на кандидатот за градоначалник кој денеска го промовираме, а тоа е ЛАЗАР КОТЕВСКИ. Да покажеме уште еднаш дека можеме да извојуваме уште една голема победа, победа за општина Новаци и Лазар Котевски“, рече Пецо Мицевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Новаци.

6

Пред стартот на предизборната кампања за локалните избори 2013 ќе следи промоција на изборната програма на кандидатот за градоначалник Лазар Котевски и листата за советници за општина Новаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php