«

»

Feb 01

Соработката помеѓу општина Новаци и градот Рокдејл од Австралија продолжува понатаму

IMG_2177

Влатко Неделкоски од Македонското Хуманитарно Здружение „Св.Арханѓел Гаврил“ од градот Рокдејл од Австралија по препорака на градоначалникот Бил Саравиновски, оствари средба со градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. На состанокот се разговараше за досегашната меѓусебна соработка, возвратните посети и можностите за идни активности.

„Претставник сум на хуманитарно здружение од Австралија кое досега му има многу помогнато на граѓани од Македонија на кои им биле потребни парични средства за лекување. Досега имаме испратено околу 80 илјади долари за таа намена, а планираме таа наша поддршка и помош да продолжи и понатаму.Дојдов тука по препорака на градоначалникот на градот Рокдејл Бил Саравиновски кој минатата година беше во посета на градоначалникот Котевски и општина Новаци“, рече Влатко Неделкоски од Македонското Хуманитарно Здружение „Св.Арханѓел Гаврил“ од Рокдејл,Австралија.

„Многу ме радуваат ваквите посети посебно затоа што значат продолжување на веќе започнатата соработка и продолжување на воспоставените контакти со градоначалникот на градот Рокдејл од Австралија“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Градоначалникот на градот Рокдејл, Благоја Бил Саравиновски пред неполна година ја посети општина Новаци како возвратна посета на градоначалникот Котевски кој пак пред 2 години беше во Австралија. Тој е родум од пелагониското село Лажец, и е првиот австралиски градоначалник македонец. Со одлука на Општина Новаци е прогласен за почесен граѓанин а високото признание му го врачи неговиот домаќин, градоначалникот Лазар Котевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php