«

»

Feb 01

Општина Новаци, РЕК Битола и ЈП Стрежево на заедничка маса

DSC_0878

По директива на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски а по барање на жителите на општина Новаци упатено на неодамна одржаната трибина на ВМРО-ДПМНЕ, се одржа средба помеѓу градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, генералниот директор на РЕК Битола Мирко Ристевски и претставник од ХМС Стрежево на која се разговараше за можностите за префрлање на хидросистемот Стрежево за наводнување на обработливите површини во Новачкото поле.

„Ова е наша долгогодишна желба, со чие остварување ќе им се олесни работата на земјоделците,ќе им се зголемат приносите на земјоделските култури а ќе имаат и поголема профитабилност, со цел да  се заменат  бушотините за наводнување кои воедно претставуваат поголем трошок, за разлика од наводнувањето  од хидросистемот. Очекуваме да се покријат околу 500 хектари обработлива површина од новачкото поле“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

РЕК се наоѓа на територијата на општина Новаци и е релевантен фактор.Затоа раководниот тим стои на располагање за решавање на овој проблем.

„На барање на министерот Димовски формиравме стручен тим од присутните на денешниот состанок со цел да се излези на терен и да се скенира состојбата“, вели претставникот на ХМС Стрежево.

Претходно во општина Новаци беше дојдена Комисија од Министерството за земјоделство која побара изработка на проект.

„Претставниците од Министерството за земјоделство од нас побараа изработка на проект а ние таков проект веќе имаме изработено, па затоа очекуваме брза реализација на оваа активност“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Општина Новаци веќе располага со изработен идеен проект за префрлање на хидросистемот Стрежево на нејзина територија,  па оттаму  реализацијата на овој зафат ја планираат за 2013/2014 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php