Monthly Archive: February 2013

Feb 28

Градоначалникот Котевски на средба со жителите на Долно Агларци и Далбеговци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со својот тим беа во посета на селата Долно Агларци и Далбеговци. Целта на посетата беше увид на состојбата со поплавите кои се појавија заради неповолните временски услови и средба со жителите на овие села.

Feb 28

Трибина за спречување на насилството на децата

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, кој е и кандидат за градоначалник за претстојните локални избори денеска го посети ЦОУ„Славко Лумбарковски“ во Новаци каде присуствуваше на трибината „Насилството и насилното однесување-превенција во училиштата во општина Новаци“.

Feb 27

Се спасува село Гнеотино од поплавување

Заради преполнување на 10-тиот канал и кинење на насипот започна прелевање на водата во земјоделските површини кои се наоѓаат во непосредна близина на село Гнеотино. Од утринава градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со директорите на ЗК Пелагонија и претставници од кризниот штаб на Дирекцијата за заштита и спасување ја разгледуваа состојбата, излегоа на терен …

Continue reading »

Feb 27

Три награди за учениците од ЦОУ “Славко Лумбарковски” Новаци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ги пофали дечињата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ за постигнатиот успех на литературниот и ликовниот конкурс на тема: „Тоше, со љубов со ѕвездите“, на кој учество зедоа ученици од Битола и околните општини.

Feb 26

Успешно расчистени поплавите во Далбеговци

Цела ноќ со тешка механизација до доцна во ноќта се работеше во атарот на село Далбеговци, општина Новаци на расчистување на поплавените дворови,подруми и куќи во ова населено место.

Feb 26

Се одржа последната 60-та седница на Советот на општина Новаци

Се одржа  60 тата која е воедно и последна седница на сегашниот состав на Советот на општина Новаци на која присуствуваше сегашниот но и кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Котевски. „На дневен ред има 15 точки меѓу кои и неколку точки кои се однесуваат на одбележувањето на празникот на општината 30 март“, рече Лазар Котевски, …

Continue reading »

Feb 26

Средба на градоначалникот Котевски и пратениците со жителите на Горно и Долно Агларци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски кој воедно е и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина заедно со пратениците од изборната единица број 4 и 5 Лилјана Кузмановска, д-р Михајло Џолонга и Димитрија Стевананџија остварија средба со жителите на селата Горно и Долно Агларци.

Feb 26

Градоначалникот Котевски и општина Новаци добитник на “Битолски оскар”

Во супер луксузниот ресторан “Вавилон”, на свечен начин, беа прогласени најуспешните битолчани за 2012 година, во областа на политиката, бизнисот, економијата, образованието, здравството, естрадата, спортот, новинарството, невладините организации, здруженијата…во организација на Битолски весник.  Во најголем број се познати и добитниците на признанијата, а Битолски весник веќе е покажан и докажан организатор на оваа престижна традиционална …

Continue reading »

Feb 26

Градоначалникот Котевски во посета на дечињата од Агларци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ги посети дечињата кои посетуваат редовна настава во основното подрачно училиште „Славко Лумбарковски“ во село Горно Агларци.

Feb 21

Градоначалникот Котевски со пратениците од ИЕ 4 и 5 во Добромири

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски заедно со претседателот на Советот и пратениците во Собранието на РМ од четвртата и петтата изборна единица, Лилјана Кузмановска, д-р Михајло Џолонга и Димитрија Стевананџија остварија средба со жителите на село Добромири.

Older posts «

css.php