«

»

Jan 30

Ќе се легализира Центар за ран детски развој “Бамби” во општина Новаци

IMG_2105

Одржано е ветувањето кое Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски го даде на неодамна одржаната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во општина Новаци на поставено прашање на жител на Новаци . Комисијата беше испратена во најкус можен рок со цел да изврши проценка и увид на состојбата во Центарот.

„ Една од целите на општината е долгогодишното работење на Центарот да се стави во законска рамка и истиот да започне да функционира под капата на ресорното Министерство.Во тој Центар е вложено многу човечки и финансиски ресурси и сметам дека нема да постои никаква пречка во неговото легализирање и тоа во најскоро време. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци на состанокот со Комисијата.

Комисијата и претходно беше запозната со функционирањето, условите и работата на овој Центар кој досега беше дел од проектот на УНИЦЕФ за „ Ран детски развој“.

„Задоволни сме од просторните услови кои ги затекнавме во Центарот Бамби и тоа ни дава право да гарантираме негова легализација уште во првиот момент штом новиот Закон за детска заштита биде објавен во Службен весник на РМ.“ велат претставниците на Комисијата за труд и социјална политика.

Досега Центарот се финансираше со средства од општина Новаци и сопствени приходи.

„Уште од кога започна со работа во 2004 година имавме визија еден ден и општина Новаци да добие институција која ќе ги опфаќа децата од претшколска возраст и ќе биде на истото рамниште како и детските градинки кои функционираат во урбаните средини. “ рече Николина Лозановска,едукатор во Центарот Бамби.

Откако ќе заврши процедурата околу легализацијата на Центарот се очекува опфаќање на поголем број деца од претшколска возраст и во другите поголеми населени места во општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php