«

»

Jan 30

УЈП ќе ги обучува земјоделците во општина Новаци

IMG_2108

Претставници од Управата за јавни приходи Регионална дирекција Битола остварија средба со градоначалникот на општина Новаци на која разговараа за предвидените едукации-обуки наменети за земјоделците кои спаѓаат во категоријата даночни обврзници.

„Разговаравме за обуките кои оваа државна институција ќе ги спроведе на територијата на општина Новаци за земјоделците со цел нивна едукација како да си ја подмират својата даночна обврска кон државата“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Обуките се организираат во соработка со Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството.

„За начинот и постапката на регистрација, УЈП во соработка со АПРЗ во месец февруари организира обуки за земјоделците низ цела Македонија. За дополнителни информации сите заинтересирани субјекти можат да се обратат во најблиската даночна канцеларија или во Инфо Центарот на УЈП или пак на бесплатниот телефонски број 0800 33 000“ велат од УЈП РД Битола.

Земјоделците кои изминатата година оствариле приход до 1,3 милиони денари треба да достават Барање за паушално плаќање а регистрацијата е едноставна. Приходите до 300 илјади денари се ослободени од плаќање данок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php