«

»

Jan 30

Ставен камен темелник за секундарна водоводна мрежа во Горно Агларци

IMG_2127 IMG_2158

Во присуство на мноштво мештани,медиуми, верски лица , градоначалникот Лазар Котевски, претседателот на Советот Пецо Мицевски и администрацијата на општина Новаци денеска беше ставен камен темелник за започнување со изградба на секундарната водоводна мрежа со што ќе се реши проблемот со водоснабдување на селата:Горно, Долно Агларци и Далбеговци.

„ Со средства обезбедени благодарение на Владата на РМ од кредит од ЕБОР започнуваме градежни зафати околу изградба на секундарната водоводна мрежа со што трајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето на жителите на трите села Горно и Долно Агларци и Далбеговци.Се планира изградба на главен цевковод и реконструкција на водоводниот систем.Вредноста на оваа активност изнесува околу 5 милиони. “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Мештаните видно задоволни од активностите на градоначалникот и општината.

„ Многу му сме благодарни на градоначалникот затоа што со изградбата на секундарната водоводна мрежа ќе ни се реши проблемот кој го имаме со снабдувањето со вода особено во текот на летните месеци кога се јавува недостиг заради користењето на водата за други потреби.“ рече Вецко Марковски, жител на с.Горно Агларци.

Изведувач на градежните работи е фирмата К-73 ДООЕЛ од Струга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php