«

»

Jan 30

Се одржа 59-тата седница на Советот на општина Новаци

IMG_2114

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 59 тата седница на која советниците расправаа за 17 точки на дневен ред и неколку Предлог Одлуки за неспроведување на стратегиски оценки , како и барања од жители.

„Ова е претпоследна седница за членовите на овој состав на Советот на општина Новаци кој брои 9 членови и тоа 5 од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ,1 од СП, 1 од СДСМ, 1 од ПОДЕМ и 1 од  ЛДП.Каков ќе биде следниот состав ќе видиме на Локалните избори кои ќе се одржат во март а тоа ќе го кажат гласачите. “ рече Пецо Мицевски, претседател на Советот на општина Новаци.

На седницата на Советот на општина Новаци редовно присуствува и градоначалникот Лазар Котевски.

„Советниците разгледуваа тековни прашања од работата на општина Новаци а тоа е усвојување на тромесечен извештај, формирање на комисија за проценка на штети, определување на висина на благајнички максимум, барања од граѓани и слично. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Советниците на денешната седница го усвоија тромесечниот извештај за извршувањето на Буџетот на општина Новаци.

„ На денешната седница на Советот на општина Новаци го презентиравме тромесечниот извештај за извршувањето на Буџетот на општина Новаци за периодот 01.01.2012 до 31.12.2012 година.Можам да кажам дека Буџетот го имаме реализирано со високи 70 % а посебно во делот на капиталните инвестиции кои ни беа планирани а чиј процент изнесува 90%“ рече Оливера Димитровска , раководител на одделение за финансиски прашања.

Денешната седница на Советот на општина Новаци е претпоследна за овај состав.До претстојните Локални избори 2013 година, советниците ќе одржат уште една седница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php