«

»

Jan 30

Општина Новаци ќе го развива алтернативниот туризам во Мариово

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска оствари средба со Јове Парговски од НУ Завод и Музеј Битола и Митко Крстевски претседателот на Здружението „Буфче“ од с.Зовиќ, мариовско.На средбата се разговараше за можностите за развој на алтернативниот селски туризам во преубавото но за жал неискористено во тој план Мариово.

 

„Мештаните од село Зовиќ имаат формирано свое здружение и денес претседателот и претставник од Музејот беа и разговараа со мене. Од мене побараа просториите на старото училиште во Зовиќ да се пренамени , реконструира и уреди како сместувачки капацитет или пак кујна со цел да се искористи за промоција на Мариово и развој на алтернативниот туризам.исто така мештаните имаат за оваа цел подготвени 5 куќи во Зовиќ, за оваа намена. “ рече Лазар Котевски ,градоначалникот на општина Новаци.

IMG_2094

За да го врати животот во Мариово , општина Новаци на чело со градоначалникот Лазар Котевски донесоа одлука на сите оние кои сакаат да се вратат да живеат и работат во Мариово да им издаде општински згради без надомест на користење на долгорочен закуп од неколку децении.

Во настојувањето да го заживее Мариово, општина Новаци изработи неколку проекти за развој на селскиот алтернативен туризам.Воспоставена е соработка со Долна Нормандија која има големо искуство на ова поле.За таа цел архитекти од Нормандија, Париз и Лион беа во посета на Мариово и се запознаа со архитектурата на овој крај за да ги реставрираат старите и руинирани куќи во автентичен стил на тој начин што би му го вратиле стариот изглед.

Општина Новаци наскоро ќе започне и со реализација на проектот од ИПА програмата „ Жива историја – жива природа“ за развој на селскиот туризам.

Општина Новаци посебен акцент става и на развојот на манастирскиот туризам, бидејќи Мариово изобилува со огромен број цркви и манастири: 59 цркви и 29 манастири од кои поголем број се под заштита.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php