«

»

Jan 29

Седница на комисијата за урбанизам во општина Новаци

IMG_1665

Заседаваше Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина на општина Новаци на која присуствуваше и градоначалникот Лазар Котевски. На состанокот се разгледуваше Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Новаци за 2013 година како и Преглед извештајот за реализацијата на истата програма во изминатата 2012 година.

„Денеска на Комисијата се заседаваше на неколку точки на дневен ред меѓу кои се усвојуваше програмата за реконструкција на патишта и улици за 2013 година за која се планирани 21,5 милиони денари а се усвојуваше и преглед извештајот за изминатата 2013 година со која се реализирани околу 25 милиони денари“, рече Лазар Котевски, градоначалникот на општина Новаци.

На Комисијата се разгледуваа и три Предлог Одлуки за неспроведување на стратегиска оцена  за плански документ ЛУПД за изградба на базна станица за дигитално полициско радио за потребите на МВР, изградба на фотоволтаична централа на КП 2215/2-1 КО Брод и изградба на базна станица за мобилна телефонија на КП 58/1 КО Суводол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php