«

»

Jan 29

Претставници од Министерството за земјоделие во посета на општина Новаци

DSC_0826

Претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, Управа за водоснабдување, Благоја Стоилов и Кадир Салих остварија средба со градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски на која се разговараше за можностите за водоснабдување на Новачкото поле и префрлување на хидросистемот за наводнување на ЈП „Стрежево“ на територијата на оваа општина.

 

„Ова е наша долгогодишна желба, со чие остварување ќе им се олесни работата на земјоделците,ќе им се зголемат приносите на земјоделските култури а ќе имаат и поголема профитабилност, со цел да  се заменат  бушотините за наводнување кои воедно претставуваат поголем трошок, за разлика од наводнувањето  од хидросистемот. Очекуваме да се покријат околу 500 хектари обработлива површина од новачкото поле. Претставниците од Министерството за земјоделство од нас побараа изработка на проект а ние таков проект веќе имаме изработено, па затоа очекуваме брза реализација на оваа активност“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

 

Општина Новаци веќе располага со изработен идеен проект за префрлање на хидросистемот Стрежево на нејзина територија,  па оттаму  реализацијата на овој зафат ја планираат за 2013/2014 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php