«

»

Jan 29

Градоначалникот Котевски со Сертификат за успешно завршена Политичка академија

IMG_2096

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски се здоби со Сертификат за успешно завршена Политичка Академија 2013 за јакнеење на демократијата на локално ниво, која ја организираше германската политичка фондација Конрад Аденауер и Институтот Павел Шатев.

„Според моите сознанија ваквата академија традиционално се одржува секоја година и е наменета за членови на политички партии и граѓаните. Главната цел на академијата е продлабочување на знаењата и јакнеење на улогата на членовите на политичките партии, носителите на функции, пратениците и граѓаните  со јасна визија за напредокот на Македонија заснована врз основните вредности на христијанската демократија“, рече градоначаникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

IMG_2097

Академијата ги обедини на едно место активните партиски членови и граѓани кои се залагаат за демократска, транспарентна и ефикасна партија за општество кое е поблиску до граѓаните и кои ја гледаат Македонија  како дел од европското семејство, промовирајќи ефикасна владина политика на сите нивоа на општеството и слободна пазарна економија со социјална свест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php