«

»

Jan 28

Градоначалникот Лазар Котевски разговараше со жителите на Бач. Живојно и Гермијан

DSC_0818

Како што се ближа стартот на изборната кампања за претстојните локални избори, актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник за општина Новаци Лазар Котевски редовно остварува средби со жителите на населените места кои спаѓаат на територијата на неговата општина. Синоќа одржа една таква средба со жителите на селата: Бач, Живојно и Гермијан.

„Ова е моја редовна практика не само сега кога е предизборен период. Сакам да сум близок со моите сожители и да ги слушнам нивните проеблеми и барања со кои се соочуваат секојдневно во рамките на нивниот секојдневен живот. Оваа можност ја искористив за да им ја презентирам изборната програма за Локалните избори 2013 кои ќе се одржат кон крајот на март“, рече градоначалникот Лазар Котевски.

Средбите со жителите на општина Новаци продолжуваат и во наредниот период.

DSC_0812

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php