«

»

Jan 28

Градоначалникот Котевски ја промовираше изборната програма пред жителите на Новаци, Добромири и Рибарци

DSC_0135

Во полната сала во општинската зграда актуелниот градоначалник на општина Новаци и кандидат за градоначалник за претстојните локални избори, Лазар Котевски ја промовираше изборната програма пред жителите на населени места: Новаци, Добромири и Рибарци.

„Ова е моја редовна практика на определен временски рок да ги посетам селата кои спаѓаат под општина Новаци, да остварам средба со нивните жители, да поразговарам со нив со цел да се запознаам со нивниот живот, потребите и проблемите со кои се соочуваат. Исто така мојата посета ја искористив за да ги информирам за мојата кандидатура за градоначалник со трет мандат за претстојните локални избори, за проектите кои ги нудам во мојата програма, за планираните инфраструктурни и комунални дејности, за изградбата на монтажното училиште во Далбеговци кое е во тек“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Следно во агендата на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски е средба со жителите од населените места Бач, Живојно и Гермијан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php