«

»

Jan 25

Градоначалникот Котевски на средба со жителите на Горно и Долно Агларци и Далбеговци

DSC_0053

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски во рамките на својата работна агенда и предвидените средби со жителите на неговата општина оствари средба со месното население на  Горно, Долно Агларци и Далбеговци.

„Ова е моја редовна практика на определен временски рок да ги посетам селата кои спаѓаат под општина Новаци, да остварам средба со нивните жители, да поразговарам со нив со цел да се запознаам со нивниот живот, потребите и проблемите со кои се соочуваат. Исто така мојата посета ја искористив за да ги информирам за мојата кандидатура за градоначалник со трет мандат за претстојните локални избори, за проектите кои ги нудам во мојата програма, за планираните инфраструктурни и комунални дејности, за изградбата на монтажното училиште во Далбеговци кое е во тек“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
DSC_0014

Следно во агендата на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски е средба со жителите од населените места Новаци, Рибарци и Добромири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php