«

»

Jan 24

Лазар Котевски во трка за трет мандат за градоначалник на општина Новаци

IMG_1305

Актуелниот градоначалник на општина Новаци Лазар Котевски по трет пат ја доби довербата на партијата во битката за уште еден мандат за градоначалничката функција. Според Котевски, изминатите осум години откако е на чело на општина Новаци, реализирани се огромен број проекти а уште толку се во различни фази на реализација или чекаат да бидат реализирани.

„Голема благодарност од Извршниот комитет кој ми даде уште една можност да се кандидирам за трет мандат. Ова е голема придобивка како за мене така и за граѓаните и партијата, но претставува и обврска од која произлегува доста работа во понатамошниот период. Јас му сум благодарен на Извршниот комитет и на врвот на партијата за добиената доверба која има големи обврски кои ќе се трудам да ги исполнам“, вели градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Во програмата за работа за наредните четири години која официјално ќе биде претставена со почетокот на изборната кампања, Котевски открива дека еден од приоритите ќе биде префрлањето на системот за наводнување на ХМС Стрежево преку река Црна.

“Тука ќе ја споменам реконструкцијата на општинската зграда која веќе е завршена, ракометно игралиште во Горно Агларци, завршена е изградбата на брана во село Рапеш, брана во село Рибарци, потоа во најскоро време треба да се започне со реконструкција со секундарната водоводна мрежа во Горно и Долно Агларци и Далбеговци. Имаме и многу други проекти кои во наредниот период ќе ги реализираме, особено во 2013 година кои се влезени во програмата. Тука ќе го издвојам асфалтирањето на локални патни правци Рибарци – Гнеотино во должина од 6,5 км, Р509 Мегленци во должина од 2,5 км, Мегленци – Арматуш во должина од 7 км и локалниот патен правец Старавина – Зовиќ во должина од 6 км. Тука ни е и спортската сала како и повеќенаменското игралиште кои ова година ќе се изградат”, вели градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му предложи на Централниот Комитет на партијата да ја објави листата со имиња на девет кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. На оваа листа се најде и името на Лазар Котевски. Според соопштението од владејачката партија, при изборот на кандидатите се водеше сметка за личниот авторитет и кредибилитет на кандидатот и програмата која ја нуди пред граѓаните за економскиот, комуналниот и инфраструктурниот развој на општината во која се кандидира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php