«

»

Jan 22

Трибина на премиерот Никола Груевски во Новаци

DSC_0038

Во рамките на редовните активности на Владата на Република Македонија, во салата на општина Новаци, на 23.01 со почеток во 20:30 часот, премиерот Никола Груевски ќе одржи трибина со граѓаните на општина Новаци.

Претседателот на Владата и членовите на неговиот кабинет како и градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, пред сите присутни ќе одговараат на прашањата кои присутните жителите на општината ќе им ги постават.

Ова е редовна активност на Владата на РМ и премиерот Никола Груевски веќе неколку години. На овој начин премиерот Груевски ја продолжува практиката да разговара директно со граѓаните. На трибината се очекува да бидат презентирани новите идени на Владата, а исто така ќе се слушнат идеи и мислења на жителите на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php