«

»

Jan 22

Работна акција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Новаци

IMG_2069

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од општина Новаци денеска организираше работна акција за чистење на салата и новите простории во општина Новаци, како и околните паркови и зелени површини. Унијата е доста активна во текот на целата година преку организирање на мноштво активности и реализирање на проекти, трибини и работилници.

„Членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Новаци денеска организираа работна акција и помогнаа во чистењето на салата за состаноци и приредби како и новите работни простории во надградбата на општинската зграда каде за еден месец ќе се пресели општинската администрација“, рече Мирјана Кузмановска, претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од општина Новаци

Во текот на акцијата беа поздравени од градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски со кој заеднички испија кафе.

„Многу им сум благодарен на членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од општина Новаци, не само за денешната акција за чистење на просториите во општината, туку за сите досегашни ангажмани и активности“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Градоначалникот Котевски редовно и континуирано ја подржува Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од општина Новаци, обезбедувајќи им автобуски превоз за туристички тури низ Македонија, со цел жените од руралните средини да се запознаат со сите убавини на нашата држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php