«

»

Jan 22

Општина Новаци активно е вклучена во реализацијата на ЕУ ЛИДЕР проектот

3

Администрацијата на општина Новаци активно е вклучена во реализацијата на проектот ЕУ ЛЕАДЕР пристап. Како една од активностите во рамките на овој проект е и работилницата која се одржа со цел добивање на подетални информации за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот,информации за потребните чекори за воведување и спроведување во Пелагонискиот регион, идентификување на капиталот и дефинирање на територијата и можните членови на ЛАГ-от.

„Денеска ја презентиравме историјата и седумте главни карактеристики на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во руралниот развој а тие се: територијално базирани стратегии за локален развој, Пристап од долу-нагоре, Јавно приватно партнерство:Локални акциони групо (ЛАГ), Овозможување на иновации, Интегрирани и мулти-секторски активности, Вмрежување и Соработка “ рече Хари Шундовски, надворешен консултант во проектот.

ЕУ ЛЕАДЕР пристапот ќе придонесе  за развој на руралната средина  и отворање на нови работни места.Ова е последната планирана работилница а во следниот период ќе се организираат тренинзи.

„Ќе се продолжи со 4 тренинзи кои ќе се организираат во трите микрорегиони, а локалните акциони групи ЛАГ-овите треба да се формираат до крајот на годината а трошоците околу тоа ќе ги обезбедиме ние согласно активностите на проектот. “ рече Владимир Величковски од ЦРППР.

Проектот е финансиран од УСАИД и ќе трае 2 години.Заинтересираноста е голема а одѕив има од јавниот, приватниот и невладиниот сектор , како и од четирите општини:Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php