«

»

Jan 22

Награди за прогноза за ОУ “Славо Лумбарковски” од општина Новаци

pisuvanje

Расказите на Анѓела Јончиќ и Ана Шурбевска , ученички во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци се прогласени за најдобри на литературниот конкурс во организација на здружението на талентирани детски творци од областа на литературата „ Дата песнопој“ од Битола на тема „ Најубава божиќна приказна“.

На литературниот конкурс имаше голема конкуренција, учество зедоа училишта од повеќе општини: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Новаци, Могила и Струга.

На двете учеснички од Новаци покрај признанијата за најдобри раскази им беа доделени и дипломи за успешно учество. Расказите ќе бидат дел од книгата со наслов „Најубави Божиќни приказни“ која допрва ќе се печати.

Ова е уште еден доказ дека младите од Новаци имаат капацитет за културно и уметничко издигнување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php