«

»

Jan 21

ЕЛЕМ ќе инвестира во рудникот за јаглен во Живојно, општина Новаци

rek-rudnik

ЕЛЕМ подготвува инвестиција вредна 100 милиони евра за експлоатација на рудник за јаглен во село Живојно, општина Новаци. Почетните проценки говорат дека геолошките резерви изнесуваат околу 100 милиони тони јаглен кој ќе се вади со примена на подземна технологија за експлатација. За проектот за истражување на јагленовото наоѓалиште Живојно АД ЕЛЕМ инвестира 2,8 милиони евра за геолошки и геотехнички доистражувања и испитувања.

„Многу ме радува што продолжува трендот на вложување во електроенергетскиот систем, посебно затоа што најголемиот производител на електрична енергија РЕК Битола се наоѓа на територијата на општина Новаци. Ова за нас ќе значи поголем раст и развој на општината“, рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Според интервјуто за МИА, на директорот на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, во тек е изработка на Главен рударски проект за отворање рудник за јаглен со подземна експлоатација во Мариово кој е во завршна фаза а потоа ќе следи и изготвување на физибилити студија за изградба на нова термоелектрана од 250-300 мегавати. Вкупната вредност на целиот планиран проект е проценет на 400 до 450 милиони евра.

Според последните направени геолошки истражувања експлоатационите резерви се проеценети на 62 милиони тони.

Во моментов во рудникот Суводол засилено течат активностите за целосно отворање на експлоатацијата на подинската јагленова серија. Паралелно се рабори на ископот на усекот за отворање на рудникот и изградба на бунари за одводнување, проект вреден 2,5 милиони евра.

Рудникот во Живојно и рудникот и термоелектраната во Мариово се дел од Манифестот за реформи и развој, со кој владејачата ВМРО-ДПМНЕ се понуди пред гласачите на предвремените парламентарни избори во 2011-та година. Од државните електрани најавуваат дека реализацијата на проектот ќе значи и нови вработувања од 500 работиници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php