«

»

Jan 17

Градоначалникот Лазар Котевски на гости кај прилепскиот Градоначалник Марјан Ристевски

IMG10064

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски на покана на неговиот прилепски колега Марјан Ристески , присуствуваше на свечениот војнички ручек организиран по повод реактивирањето на Гарнизонот во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп. Со оваа манифестација беше одбележано обновувањето и развивањето на воената цивилна соработка.

„Реактивирањето на Гарнизонот во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп е од голема важност за цивилната одбрана а има и голем ефект од безбедносен и економски аспект“, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

По цели седум години АРМ воспостави свои единици во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп каде ќе бидат сместени околу 400 професионални војници од родот артилерија и од составот на логистичките единици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php