«

»

Jan 17

Администрацијата во општина Новаци наскоро во нови простории

nova opstinska zgrada i noviot mebel

За еден месец администрацијата на општина Новаци ќе се всели во новите и современo опремени канцеларии во новоизградениот втор спрат од комплетно реновираната општинска зграда. Иницијативата за оваа инвестиција е на градоначалникот Котевски, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.

„Завршено е внатрешното уредување, останува да се досредат уште некои ситници по што ќе следува вселување на администрацијата во новиот убав и репрезентативен простор. Надлежностите и активностите на општина Новаци се значително поголеми а зголемена е и фреквенцијата на заинтересирани граѓани и субјекти кои доаѓаат во нашите простории. Со цел да бидеме поефикасни во извршувањето на услугите кон граѓаните, но и порепрезентативни во меѓународната презентација  направивме комплетна реконструкција и изградба на уште еден кат“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Со реконструкција на административната зграда, локалната самоуправа во општина Новаци доби подобри и посовремени услови за работа.

IMG_2055 IMG_2057 IMG_2056

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php