«

»

Jan 16

Нови активности на културно иновативниот клуб Новаци

IMG_2059

Претставници од неодамна формираниот Културно иновативен клуб Новаци од Новаци денеска остварија средба со градоначалникот на општината Лазар Котевски. Се разговараше за плановите и идните активности на клубот, при што градоначалникот уште еднаш посочи дека општината ќе ги помага културните и иновативните манифестации во рамките на своите можности.

„Уште еднаш сакам да ја изразам мојата поддршка и поддршката на општината за вашите активности и манифестации се разбира во размките на нашите можности. Се радувам што започнавте да ги анимирате младите кои се тука присутни во голем број. Ве охрабрувам и понатаму да работите и да нижите успеси“, рече градоначалнкиот Лазар Котевски.

IMG_2063

Денешната средба е првиот состанок на Културно иновативниот клуб Новаци во новата 2013 година.

„Денеска се договараме за активностите кои ќе ги реализираме во најскоро време. Планираме најпрво да ја ангажираме драмската секција и да подготвиме претстава со наслов “Погледни се во огледало“ а која треба премиерно да ја изведеме пред големиот христијански празник Прочка. Темата на претставата е споредба на животот на младите во 60 тите години и сега во општина Новаци, погледот и вреднувањето на нештата денес и порано“, рече Елизабета Јончиќ , претседател на Културно иновативниот клуб Новаци од Новаци.

Културно иновативниот клуб Новаци најавува поголем ангажман и можна вклученост во Битфест 2013.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php