«

»

Jan 15

Општина Новаци подготвена за прослава на Водици

vodici

Општина Новаци забрзано се подготвува за големиот христијански празник Водици кој се слави во православните храмови на 14 населени места, со традиционално фрлање на крстот во осветените води. Централната манифестација  се одржува во црквата Св.Атанас во с.Новаци а на среќните наоѓачи на крстот општината и градоначалникот Котевски му подарува телевизор.

Богојавление или по народот познато како Водици е денот на кој според христијанското предание Св.Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Со тоа се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php