«

»

Jan 14

Се вртеше мазник со паричка во игротеката Бамби во Новаци

DSC_0655

Дамјан Николовски е овогодинешното најсреќно дете на кое му се падна паричката за среќа од мазникот кој се вртеше во Центарот за едукативен развој „Бамби“ во с.Новаци. Градоначалникот Лазар Котевски не ја пропушти оваа можност и присуствуваше на самиот чин.

„Ваквите празнувања се доста важни за децата бидејќи на некој начин значат не само нивно запознавање со традицијата туку и продолжување во иднина од нивна страна. Ова е особено важно за да не се заборават и да се продолжат ваквите стари христијански обичаи. На Дамјан кој денеска беше најсреќен му посакувам среќа, здравје и успех во оваа 2013 година“, рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Верските празнувања и обичаите се дел од едукативниот развој на децата во Центарот „Бамби“ во општина Новаци.

DSC_0644 DSC_0629

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php